Утрински Весник
Спорт

Бензема побара привремено да го напушти Ал Итихад и да се врати во Европа

IMG

Карим Бензема, кој минатото лето пристигна во Саудиска Арабија како фудбалска мегаѕвезда, побара „привремена“ разделба од Ал-Итихад и сака да се врати во Европа.

Наводно, Бензема на челниците на Ал-Итихад им порачал дека е под „голем притисок“ и дека не е во можност да го даде максимумот за тимот, објави новинската агенција „Франс прес“.

Челниците на Ал-Итихад му понудиле на Бензема вториот дел од сезоната да го одигра за друг саудиски клуб, но фудбалерот ја одбил таа можност бидејќи сака да се врати во Европа.

Интерес за него пројавуваат Манчестер сити, Челзи и Олимпик Лион, тимот во којшто ја започна професионалната кариера.

Можете да прочитате

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства