Утрински Весник
Македонија

Николовски најави пет нови проекти за Крива Паланка за 2024 година

Img 8201

На денешниот настан на свеченото пуштање во употреба на државниот пат Крива Паланка – Деве Баир како најголем завршен проект на Владата во овие години во овој регион, министерот Љупчо Николовски најави и повеќе нови проекти за 2024 година што се однесуваат за Крива Паланка.

Здравствениот дом во Крива Паланка во 2024 ќе добие мамограф, гастроскоп, нов ренген апарат и нова медицинска опрема. Владата во 2024 година ќе го проектира и финансира поврзувањето на Крива Паланка со Македонска Каменица. Годинава ќе се заврши студијата и ќе започне со изработка на мастер планот за изградба на зимскиот ски центар на Царев Врв, инвестиција од над 200 милиони евра.

Министерот Николовски најави и сосема нов проект за изградба на брана на река Киселичка како и нова инвестиција во прехранбената индустрија за што веќе се работи на утврдување на локацијата и почеток на работите што значи отварање на нови работни места за младите.

Оваа година Владата ќе распише постапка за избор на изведувач на рехабилитацијата на обиколницата на Крива Паланка со што во мандатот на оваа Влада ќе се заврши обновата и модернизацијата на целата патна инфраструктура од Скопје до Крива Паланка. Развојот и инвестициите се во фокусот на програмите на Владата за Крива Паланка и за оваа година.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме