Утрински Весник
Македонија

Ковачевски потврди: Од четврток во 10 часот, Владата ќе биде во оставка

ковачевски (1)

Во четврток околу 10 часот наутро цела влада ќе биде и никој од министрите нема потреба да поднесува било каква оствка, бидејќи со оставката на претседателот на Владата, целата Влада е во оставка кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Оставката ќе се случи ден пред собраниската седница која е закажана за во петок, по што следи формирање на техничката влада во времетраење од најмалку 100 дена.

На собраниска седница ќе треба да се избере и нов претседател на Собранието а тоа ќе биде координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, а актуелниот, Талат Џафери ќе го добие мандатот за премиер на државата.

Изборот на владата на Џафери треба да биде направен викендот, најдоцна до полноќ 28 јануари.

Можете да прочитате

Со спречување на пасивното пушење значително ќе се намалат здравствените последици, особено кај децата, и ќе се придонесе за поздрава нација

Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во Општина Ново Село

Жител на Богданци под истрага за свирепо убиство на сопствената мајка