Утрински Весник
Македонија

(Видео) Синдикалец од ЈСП кон Славески: Срам да ти е, од нас бараше гласови, што да јадеме јас и моето дете?

Jspsednici

Претставник од синдикатот на ЈСП кој присуствуваше на седница на Советот на Град Скопје, откако советниците во Град Скопје на првата вонредна седница на Град Скопје не ги изгласаа субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП Скопје револтиран од одлуката ги нападна советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа За предлогот.

Тој дури дојде до претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески и го прашуваше од каде тој и други вработени во ЈСП да најдат пари за леб кога се уште немаат земено плата.

-Како не ти е срам? Вие кај нас баравте гласови. Што ако е завршена седницата? Враќај се таму и решавај. Вашите деца не мрзнат, нашите мрзнат. Вие четири дена шетавте и знаете да земате паушали. Има луѓе кои живеат со една плата. На детето мое му беше роденден, не можев да му го прославам, се шетав по полициски станици со Миќо, рече синдикалецот.

Откако не беа изгласани субвенциите од 11 милиони евра за да може да се подели плата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за одлуката со образложение дека не може постајно да им се даваат милионски суми на ЈСП.

Сепак, по неколку часа се одржа нова седница на Советот по што субвенциите за ЈСП беа изгласани и утре автобусите повторно ќе сообраќаат.

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри