Утрински Весник
Спорт

Тухел за поразот од Вердер: Баерн одигра слабо, заслужен пораз

IMG

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел е незадоволен од поразот на неговиот тим денес од Вердер Бремен (0:1) во Бундеслигата.

– Веќе сум уморен да кажам дека трениравме добро. И онака никој не верува. Треба да им поставуваме прашања на играчите. Не одигравме добро. Поразот беше заслужен, изјави главниот тренер на Баерн на „DAZN“.

Актуелниот германски фудбалски шампион заостанува седум бодови зад Баер Леверкузен по завршувањето на 18. коло.

На 24 јануари, Баварците ќе играат заостанат натпревар од 13. коло со Унион Берлин.

Можете да прочитате

8. ден од СП: БиХ се соочува со Швајцарија, Мексико и Јужна Кореја за првото место во групата

Гроздановски: Талентите се губат поради притисокот од родителите во Македонскиот фудбал

Португалија разочара одигра нерешено со ДР Конго