Утрински Весник
Македонија

Вучиќ во дводневна посета на Македонија на самитот на лидерите од Западен Балкан

Img 8066

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска и утре ќе престојува во Македонија каде ќе учествува на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“, соопштија од неговата Службата за соработка со медиуми. Вучиќ ќе присуствува на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“ и на состанокот на лидерите за Планот за раст на Западен Балкан, чиј домаќин е македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Покрај лидерите на Западен Балкан, присутни ќе бидат генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување, Герт Јан Копман, помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан и претставници на Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Инвестицискиот форум на Западот Балкански комори, УСАИД, како и некои меѓународни финансиски институции.

Можете да прочитате

Инспекторите извршиле 43 вонредни инспекциски надзори од почетокот на ноември, кривични пријави за загадувачите

Почина познатиот пејач Шпат Касапи

Дрвокрадци камикази се судриле со шумска полиција, две лица приведени, а по две се трага