Утрински Весник
Македонија

МПС донираше новогодишни пакетчиња за манастирот во Рајчица и џамија во Дебар

Img 8054

Делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од претседателот Марјан Кицев, попладнево предадоа донација во новогодишни пакетчиња во два верски објекти во Дебар.

Донација доби женскиот манастир “Свети Ѓоргиј Победоносец” во село Рајчица, каде истата ја прими сестра Филотеа и џамијата во населбата Коњаре, каде му беше предадена на Кујтим Мирзо, имам на џамијата и професор во Медресе имам бег училиште во Скопје.

-Денес сме овде да подариме насмевка. Како Претседател на македонскиот полициски синдикат заедно со мојот тим ја имаме честа и радоста што може да ја предадеме донацијата новогодишни пакетчиња кој ќе бидат наменети за децата што престојуваат во манастирот и џамијата и изучуваат веронаука со цел да побудиме радост и насмевка кај дечињата, рече Кицев.

Додаде дека на дечињата и претставниците од манастирот и џамијата им посакале  Среќна Нова 2024 година исполнета со безгрижност и благосостојба.

Донацијата е обезбедена од Претседателството на МПС и општествено одговорната компанија од Струмица, а ваква донација беше доделена и на почетокот на минатата година.

Во делегацијата на МПС беа и генерален секретар Зоран Кузманоски, заменик генералниот секретар Адријан Телќиу, помошник  генералениот секретар Еврен Адемовски, претседателот на Совет Охрид при МПС Јетмир Реџепи и членот на Претседателство на МПС Ештреф Ахмети. 

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина