Во новото интервју за Јутарњи лист, Северина се присети на нејзините музички почетоци, преселбата во Загреб и зборуваше за нејзината инспирација за пишување песни.
На самиот почеток на интервјуто таа откри дека омилена песна што самата ја напишала е „Девојка од село“, а објаснила и зошто: „Бидејќи во неа пишував за лицемерието кое го видов кога дојдов во Загреб“.
„Кога ја напишав и му ја однесов на Никша Братош, не сакав тогашниот менаџер да знае дека јас ја напишав песната и го замолив Никша да не му каже. Сакав да ги испратам моите песни по пошта но Никша мислеше дека тоа е одлична песна и сепак му кажа дека јас сум авторот“, рече таа.
Таа откри и како всушност од болка почнала да пишува бидејќи нејзиниот менаџер „и донел бесмислени песни“.
„И тогаш реков: „Еј, да го напишам текстот“. Почнав на 22 години на албумот „Траева зелена“, доста мои текстови има на албумот „Моја сватар“ и потоа музиката и текстот на албумот „Девојка од село“. Кога избегав од таа токсична средина, останав сама и морав да пишувам сама“, изјави Северина.
Потоа таа уште еднаш размислуваше за нејзиното доаѓање во Загреб: „Кога дојдов во Загреб, оставив зад себе незавршено четврто одделение на средно музичко и мајка која плаче поради тоа. Сите во Загреб беа постари од мене. Да не изгледам глупаво и да можам да разговарам со нив, морав да одам во Кинотека и да ги гледам сите филмови на Буњуел. Морав да знам кој е Жак Брел, кој што напишал, нешто како музичка историја, кој е кој. Се запишав и во танцовата школа Фреди. Ми рекоа дека морам да бидам амбициозна, иако го мразам тој збор. Но решив дека можам да го сторам тоа“.