Утрински Весник
Македонија

„Ако ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за техничката влада, тие места треба да останат празни“, рече Ковачевски

ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека нема пример во светот каде политичка партија учествува во влада, а не ја поддржува.

„Кога се учествува во Влада значи таа влада треба да се поддржи. Не постои пример во светот каде политичка партија учествува во Влада, а не ја поддржува. Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ согласно Закон исто како и другите политички партии кои се повикани да имаат министри во техничката Влада, треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа влада“, одговори Ковачевски на новинарското прашање за тоа дали кандидатите министри од ВМРО-ДПМНЕ, нема да бидат потпишани, односно ќе има празно место.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа влада, сметам дека тие места треба да останат празни, мандатарот да предложи Влада во која тие места ќе бидат празни. Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи владата, наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои им следуваат“, рече премиерот.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме