Пратениците на Демократската унија за интеграција нема да ги поддржат предлозите за министри во техничката влада кои ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквата одлука доаѓа по предупредувањата на Христијан Мицкоски дека неговата партија нема да гласа првиот албански премиер Талат Џафери и за целиот состав на техничката Влада.
Претходно премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ако ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржи техничката Влада, не треба да добие ниту министри во неа, односно дека доколку опозициската партија не гласа за избор на преодната Влада, нивните министри не треба да се најдат на листата која ќе се гласа во Собрание.
„Тие места да останат празни, мандатарот да предложи празни места. И кога ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи Влада, наредниот ден да бидат изгласани тие министри“, рече Ковачевски.