Утрински Весник
Македонија

Ако ВМРО-ДПМНЕ сама не ги поддржува кандидатите за техничка Влада, тогаш не гледаме потреба и ние да ги гласаме, велат од СДСМ

D181d0b4d181d0bc D0bcd0b8d186d0bad0bed181d0bad0b8 D181d0b5 D0b7d0b0d0bfd0bbd0b5d182d0bad0b0 D0b2d0be D181d0bed0bfd181d182d0b2d0b5d0bd 63ca6dc5c1491

На помалку од десет дена од седницата за избор на техничката влада, се појавуваат најави за комплицирање на целиот процес.

Постои политички договор предлог составот на техничката Влада, да биде доставен без имиња и презимиња на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ, дознава „Фокус“ од извори во владејачката СДСМ.

– Сите предлози за составот на техничката Влада до Собранието ќе бидат поднесени, а позициите кои согласно законот треба да ги номинира ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат празни, без име и презиме. Не гледаме потреба ниту да ги предложиме, ниту пак пратениците од СДСМ, од парламентарното мнозинството да гласаат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ доколку тие самите не ги поддржуваат. Никаде во демократскиот свет нема пример некој да предлага министри или заменици, а да не ги поддржува при изборот? Не е ова прашање за политички игри. Техничката Влада е законска обврска. Формално треба да го предложи новиот технички премиер. Кога ќе бидат во ВМРО-ДПМНЕ подготвени да ги поддржат, пред се сопствените предлози, тогаш може да бидат номинирани, предложени и поддржани од пратениците од СДСМ, велат високи извори во СДСМ.

Ваквата одлука на СДСМ има поддршка меѓу другите владејачки партии, а доаѓа откако претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно соопшти дека неговата партија ќе учествува во техничката Влада, ќе предложи кандидати, но нема да ги поддржи во македонското Собрание, односно ќе гласаат воздржано за изборот на техничката Влада.

-Талат Џафери не ја заслужува поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски минатата недела, а неговите најави се потврдија и со одлуки на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со што ВМРО-ДПМНЕ ја заслужува поддршката кога тие не ја даваат ниту за сопствените предлози? – вели соговорникот од СДСМ за „Фокус“

Иако беше најавено дека до Водици ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти нивните кандидати за техничката Влада, последните информации од опозициската партија се дека тоа ќе се случи следната недела.

На само неколку денови пред планираната собраниска седница за избор на техничката Влада сега има нов момент на политичката сцена, па останува да се види што оваа одлука на СДСМ ќе донесе на политичката сцена во Македонија.

Сега имаме нов момент на политичката сцена, само неколку дена пред планираната собраниска седница за избор на техничката Влада. Останува да видиме каква разврска во македонското Собрание ќе донесе оваа последна одлука на СДСМ.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме