Утрински Весник
Свет

Од 1 февруари единствена валута во Косово ќе биде еврото

Evra1

Централната банка на Косово (ЦБК) донесе уредба според која од 1 февруари единствена валута за готовина и платежни трансакции ќе биде еврото. Во тој указ се наведува дека ваквата уредба е донесена во согласност со Уставот на Косово и законот на Централната банка на Косово и дека ЦБК е единствената „монетарна власт која може да одлучува за дозволените апоени на евро валутата за промет на територијата на Косово“.

-Единствена валута дозволена за вршење на готовински платен трансакции – во готовина во платниот систем во Република Косово е еврото, исто така, единствена валута според член 11 од Уставот на Република Косово и членовите 16, 17 и 18. од Законот бр.03/л-209 за Централната банка на Република Косово“, се наведува во член 34 од Регулативата на ЦБК за готовинско плаќање, пренесува Коссев.

Досега српските заедници во Косово користеа и динар (РСД), официјалната валута на Србија. Платите на вработените во српските институции се исплаќаат во динари, како и пензиите во српскиот систем, детскиот додаток или социјалната помош.

Исто така, во српските области, динарите се користат во трговските објекти, додека во општините со српско мнозинство на северот на Косово, цените се во динари.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени