Утрински Весник
Македонија

30 дена притвор и за петтото лице вмешано во упадот во М-НАВ

Krivicen sud

Петото лице вмешано во упадот во Контролата на летање при М-НАВ доби 30-дневен притвор. Одлуката на Кривичниот суд е донесена откако е уважена жалбата на скопското обвинителство кое се жалеше на одлуката на судијата на претходна постапка кој на лицето Љ.Ќ. му имаше определено куќен притвор.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на  Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ., за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решние со кое: Жалбата на јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Против ова решение не е дозволено право на жалба“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Инаку, претходно, со одлука на истиот суд во куќен притвор остануваат четворица од учесниците во упадот и физичкиот напад врз контролори, меѓу кои и високиот функционер на ДУИ, Беким Незири.

Љ.Ќ. беше приведен на граница, во негов обид да замине во Косово. Недостапни за органите на прогонот остануваат уште три лица.

Упадот во М-НАВ се случи на 4 јануари.

По овие настани Владата донесе одлука за разрешувања во М-НАВ.

Надзорниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) во нов состав, го прифати предлогот на Владата за разрешување на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски и на нивно место ги назначи Хекуран Асани и Милан Кораќ, кои на новите функции стапуваат од наредната недела по комплетирањето на законските формалности.

Можете да прочитате

Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје

ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се занимава со сè и сешто, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи