Утрински Весник
Македонија

Петровска: Присуство на Зечевиќ на конвенцијата на Нова Алтернатива е политичка култура, тоа не значи коалицирање или соработка

Zechevik nova alternativa

Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека дека присуството на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на конвенцијата на партијата Нова алтернатива не значи по дефиниција дека ќе има коалиција или соработка.

„Тоа е одлука на партијата, а партијата добила покана. Мислам дека треба кој било член на партијата да удостои формирање политичка партија доколку принципите на партијата, се разбира, се демократски и со европски вредности. Присуството не значи по дефиниција дека ќе се направи коалиција или соработка, тоа е политичка култура“, рече Петровска.

Додаде дека формирањето нови партии е одлика на плурализмот. Во поглед на тоа дали СДСМ стравува од одлив на гласови од која било политичка партија, Петровска вели дека во периодот што претстои, особено во кампањата, ќе има доволно простор да потсетат што сè било направено во изминатиот период и да понудат концепт и програма.

На чело на партијата Нова алтернатива застана градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Можете да прочитате

Министерството за локална самоуправа со швајцарска поддршка набави ИТ опрема за Центрите за развој на планските региони

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

Сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот е во прекин