Утрински Весник
Македонија

Министерството за труд и социјална политика ќе финансира проширување на градники во општините

2

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес на состанок со градоначалниците го најави повикот за аплицирање за грант за креирање на дополнителни места во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти.

Јавниот повик го имплементира Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги и финансиската поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој. Повикот е во рамки на компонента 2 од проектот – “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги” каде се финансираат проекти за креирање на дополнителни капацитети во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти.

„Ги охрабрувам сите општини кои се во рурални средини да аплицираат, на тој начин ќе ги опфатиме најзагрозените деца кои живеат далеку од градинка. Детската заштита останува да биде наш приоритет. Затоа иницираме соработки со локалните самоуправи кои ќе придонесат кон еднакви можности за сите деца” рече Тренчевска.

Јавниот повик ќе биде отворен до 01.04.2024та година.

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!