Утрински Весник
Македонија

СНЕГОТ ШТО ПОБЛИСКУ ДО НАС: Овој викенд цела Македонија под снежна бајка!

92e7335a 7210 457c b002 6bcfc0494318
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Поповски

Ќе има пообилни врнежи од снег, особено во западните предели од државава.

На планините ќе се формира снежна покривка од над 30 сантиметри, во градовите се очекува формирање на снежна покривка од 5 до над 20 сантиметри.

Сето ова ќе биде проследено и со засилен северен ветер.

Во Скопје исто така ќе има врнежи од снег, а ќе се формира и снежна покривка со висина до околу 10-15 сантиметри.

Најголем дел од Балканот овој викенд ќе биде зафатен од снежен бран и од вистинско зимно време, па затоа возачите да бидат крајно внимателни. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Снежниот бран ќе биде проследен и со засилен ветер од северен правец.

Конечно за разлика од минатата зима, оваа зима ќе се израдуваме како што треба на снегот, а особено ќе му се израдуваат најмладите (дечињата).

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“