МАГНЕЗИУМ
Различни студии покажале дека магнезиумот е тесно поврзан со уморот.
Ниското ниво на магнезиум е поврзано со помал број на црвени крвни клетки.
Студијата заклучила дека консумирањето магнезиум во период од 6 недели е доволно за да станете одново активни и спонтано да го намалите уморот.
КАЛИУМ
Калиумот е клучен за електролитниот баланс во организмот. Откриено е дека кога е во дефицит, телото побрзо се уморува, а мускулите се соочуваат со грчеви.
Б витамини
Витаминот Б6 или пиридоксинот го спречува заморот и го поддржува имунитетот кој ќе почне да попушта при услови на пролонгиран замор.
Силниот имунитет ќе го заштити телото од големиот број болести кои одат рака под рака со заморот и исцрпеноста.
Витаминот Б6 е всушност оној кој им дава моќ на Т-клетките да се изборат со инфекциите.
Недостатокот на витамин Б12 може да предизвика оштетувања во процесот на метилација, а тоа пак може да поттикне низа дефекти кои водат и до хроничен синдром.
Различни студии покажале дека храната богата со витамин Б12 поттикнува наплив на енергија, ја намалува депресијата.