Српскиот пејач Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, кој во петокот вечерта беше приведен кај Брус на пат кон скијачкиот центар Копаоник, каде требаше да одржи концерт. Причината за неговото приведување било немање документ за возачка дозвола и позитивен тест на наркотици. Поради тоа Лукас го презажа концерт за еден ден. За време на вчерашниот настап, тој ѝ се извини на публиката за презакажаниот концерт. -Нема да зборувам многу како некои, само би сакал да ви кажам два збора. Големо извинување до сите што дојдоа на шоуто, но јас не се појавив. Јас оправдано бев спречен да дојдам. Ова е полошо отколку кога би бил болен. Сите знаете за што се работи, се разбира. Па, да наздравиме во таа чест бидејќи не ми е првпат. Но, јас сум како феникс, секогаш излегувам од тие глупости. Се надевам дека заслужив аплауз за тоа, изјавил Лука пренесе српски Блиц. Лукас бил запрен од сообраќајната полиција и приведен поради немање возачка дозвола, поради претходни прекршоци, а управувал возило. Тој бил пресретнат од сообраќајни службеници на влезот во Брус и по тестот кој покажал дека е позитивен на недозволени супстанции по што бил приведен во полициска станица.