Утрински Весник
Магазин

Денеска се слави Свети Василиј Велики или Стара нова година

Se slavi sveti vasilij veliki den za imendeni i karnevali

Според Православниот календар денеска (14.01) се слави Свети Василиј Велики, или Стара нова година. Голем број семејства денеска слават слава, а именден слават Василиј, Васил, Васе, Василија, Васа… Името Василиј потекнува од старогрчкиот збор basileus и значел „крал“. Свети Василиј Велики е архиепископ Кесариски, кој бил роден во времето на царот Константин. Петнаесет години во Атина ги изучувал филозофијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки од тоа време. Во зрелите години се покрстил во реката Јордан, а 10 години бил епископ на Кесарија Кападокиска. Василиј бил голем поборник за христијанството, морално чист и исклучително борбен.

 

Можете да прочитате

Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар

Том Холанд потврди дека е в брак со Зендеја