Утрински Весник
Магазин

Многумина велат дека ова е најдобриот чај за кашлица: Има само една состојка и е толку моќен што веднаш помага

46ba74214c7de350523d

Пиењето топли напитоци како чај, може да помогне во смирувањето на кашлицата, а одредени видови чаеви имаат конкретна предност.

Кашлицата е рефлекс којшто му служи на телото да ги исчисти дишните патишта, а иако е вообичаена само кога сме болни, при разни вирусни и бактериски инфекции, кашлицата може да предизвика разни алергии, астма, па дури и рефлукс киселини.

Доколку вашата кашлица ја следат и други симптоми како што се зголемена телесна температура, главоболка итн. или истата е многу упорна, задолжително посетете доктор.

Чај од ѓумбир за кашлица

Медицинската платформа „Healthline“ издвојува неколку чаеви како многу корисни во случај на кашлица, а меѓу нив се и:

– чај од мед;
– чај од корен од бел слез;
– зелен чај;
– чај од жалфија;
– чај од нане;
– чај од ѓумбир.

Така студија на ирански експерти, објавена во 2015 година во медицинскиот магазин „Jundishapur Journal of Natural Pharmaceutical Products“, навела дека ѓумбирот има моќни антифламаторни и антиоксидантски својства кои можат да помогнат во смирување на кашлицата и надразнетото грло и дишните патишта.

Исто така истражување спроведено над животните, направено истата година на листата „Phytotherapy Research“ покажало дека екстрактот од ѓумбир значително ја намалува кашлицата.

Ѓумбирот изобилува со хранливи материи, а во 100 грама има околу 80 калории, 18 грама јаглехидрати, 1,8 грама протеини и многу малку масти, само 9,75 грама.

Во ѓумбирот има значителна количина витамини А, Б комплекс, Ц, Д, Е, К, потоа калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, натриум, фолати, цинк, бакар…

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста