Утрински Весник
Македонија

Времето денеска сончево со слаб ветер

Времето денеска сончево со слаб ветер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Наутро ќе биде свежо, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во следните три дена ќе биде претежно сончево, со мала облачност и засилен северен ветер. Минимална температура ќе се движи од пет до 17 степени, а максималната од 23 до 31 степен.

УХМР информира дека следува период на стабилно време со повремена умерена облачност. В недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура од вторник малку ќе опадне, а дневната температура наместа во Повардарието ќе надминува 30 степени.

Можете да прочитате

Кој прв, а кој последен ја дочекува Новата година според временските зони

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип