Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец, расчистени повеќе кривични дела, пронајдените предмети и возило ќе бидат вратени на сопствениците

Приведен крадец, расчистени повеќе кривични дела, пронајдените предмети и возило ќе бидат вратени на сопствениците
Dik 300x250 mk

Вчера во 11.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица.

dobivaj vesti na viber

Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, една „кражба“ и дека одзел едно моторно возило на подрачје на Радовиш, како и една „кражба“ и едно одземање на моторно возило на подрачје на Струмица.

Кај него биле пронајдени возило и други предмети, кои ќе бидат вратени на сопствениците. Е.Б. бил задржан во полициска станица, запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!