Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли не се чувствува своја веќе цела деценија

Анџелина Џоли не се чувствува своја веќе цела деценија

Анџелина Џоли чувствува дека е во преоден период од животот и, признава дека сè уште се бори да пронајде сопствено чувство за стил.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за магазинот „Вог“, 48-годишната оскаровка – која беше во брак со Бред Пит од 2014 до 2019 година – изјави: „Откако поминав низ нешто што ме повреди, мојот терапевт ме праша дали ќе се обидам да облечам лелеава облека. Звучи глупо, но претпоставував дека панталоните и чизмите проектираат ‘потврд’ изглед, посилна јас.“

„Но, дали бев доволно силна за да бидам мека? Во тоа време, не. Се чувствував ранливо. Сега се прашувам дали не знам кој е мојот стил бидејќи сè уште се обидувам да сфатам која сум на 48 години. Претпоставувам дека сум во транзиција како личност.“

„Деновиве се чувствувам малку потиштено. Не се чувствувам како да сум јас цела деценија, на начин во кој не сакам да навлегувам.’

Анџелина откри и дека се уште минува низ процес на заздравување.

Во меѓувреме, Анџелина исто така призна дека мајчинството ѝ го променило животот.

„Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Имањето деца ме спаси – и ме научи да бидам поинаква во овој свет,“ вели таа.

Можете да прочитате

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид