Утрински Весник
Свет

Рама: КФОР да ја преземе контролата врз северот на Косово

Рама: КФОР да ја преземе контролата врз  северот на Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама побара од КФОР да ја преземе контролата врз северот на Косово, пренесува порталот „Reporteri.net“.

dobivaj vesti na viber

Рама на прес-конференцијата посочи дека секое двоумење и одложување на ваквата одлука може да резултира со многу поголеми проблеми од она што се случи во неделата во Бањска.

„КФОР мора да ја преземе контролата врз северот. Секое двоумење и одложување, заедно со аргументите од изминатите неколку часа дали имаме војници или не, може да ја направи утрешната интервенција на КФОР многу поголема, и во однос на војниците и на тешкотиите. Затоа сум денеска овде и мило ми е што и Косово го бара КФОР“, рече Рама.

Рама ја оцени како добар потег изјавата на претседателката на Косово, Вјоса Османи, која побара помош од Соединетите Американски Држави за пишување на Статутот на Заедницата на српските општини.

Не знам какво е мислењето на стратешките сојузници за тоа барање, но во суштина е позитивно и е чекор на Косово во вистинската насока, рече Рама.

„Косово денеска, мора упорно да бара дијалог, да верува во него и со сета своја енергија да се залага за негово успешно завршување. Француско-германскиот план се уште е на маса“, рече Рама.

Можете да прочитате

Израел нападна цели на Хезболах во Либан

Украински дронови нападнале магацин за нафта во Курската област по што избувнал пожар

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз