Утрински Весник
Спорт

Осимен го напушта Наполи?

Осимен го напушта Наполи?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Виктор Осимен во последните денови се поврзува со заминување од Наполи, а во прв план повторно доаѓаат екипи од Саудиска Арабија кои покажуваат сериозен интерес за него, пренесува „Скај Спортс“. Сите проблеми околу напаѓачот започнаа пред неколку дена, кога на социјалните мрежи на Наполи се појави потсмевно видео од неговата лута реакција по промашувањето на пеналот против Болоња.

dobivaj vesti na viber

Брзо беше симната, но предизвика вистинска бура од проблеми. Агентот на играчот дури и се закани со тужба кон Наполи.

Токму оваа непријатна ситуација повторно предизвика интерес за него, а азиските тимови се на мислење дека Осимен ќе го засили притисокот врз Наполи и, на крајот, многу е веројатно дека во јануари ќе може да замине со добра понуда.

Медиумите додаваат дека и Реал Мадрид и Челси будно ја следат ситуацијата.

Лондончани имаат многу слаби резултати во нападот и покрај огромните фрлени средства во последните неколку преодни рокови. Николас Џексон не ја оправдува довербата што му беше дадена летото и од „Стемфорд Бриџ“ би се обиделе да земат напаѓач од класата на Осимен доколку имаат таква можност.

 

 

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025