Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Уште незалечени раните за случајот на Онкологија, има нова афера

Мицкоски: Уште незалечени раните за случајот на Онкологија, има нова афера
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во услови кога не се залечени раните од оној траур и гнев што секој од нас го чувствува поврзан со она што се случувало на Клиниката за онкологија, стигнува нова афера, во која ќерка дава тендер на татка си, и тоа ни помалку ни повеќе, туку 3 милиони евра, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на општина Илинден одговарајќи на новинарско прашање за најновата афера поврзано со Клиниката за хематологија, чија директорка Пановска доделила тендер на веледрогеријата на својот татко.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека оваа спрега трае со години, можеби децении, и затоа здравството е доведено до ова дереџе, но посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе ги испита сите сомнежи за криминал и секој што сторил криминал ќе одговара.

„Повторно ќе кажам, од оваа Влада не очекувам ништо, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се занимава со криминалот од која било форма, дали е ваков семеен, дали е оној што планираат да го амнестираат преку оној нов закон за амнестија или политички криминал, што го генерираат овие во Владата“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче