Утрински Весник
Спорт

Претседателот на Наполи под истрага за трансферот на Осимен!

Претседателот на Наполи под истрага за трансферот на Осимен!

Повеќе италијански медиуми тврдат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е под истрага за лажирање на сметководството на клубот за да се обезбеди трансферот на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен од Лил во 2020 година.

dobivaj vesti na viber

„Ла република“, како и „Скај спорт Италија“, објавуваат дека обвинителот во Рим официјално отворил истрага за контроверзниот трансфер на Осимен, кој и кога беше реализиран предизвика многу контроверзи. Нигериецот пристигна во Неапол за 71.2 мииони евра, но 20.1 милиони евра од оваа вредност беа всушност четири младински фудбалери кои беа пратени во Лил.

Сомнежот е дека платите на овие играчи биле вештачки прикажани какоо повисоки за да се покаже дека клубот инкасирал повеќе средства. Финансиската полиција во Италија собираше податоци за случајот од април до јуни оваа година, а имаше и полициски претреси во Неапол, Рим и во Франција.

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го ослободи Наполи од сите обвинувања за овој случај во април 2022 година.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024