Утрински Весник
Свет

ЕУ ќе му помогне на Нагорно-Карабах со пет милиони евра

ЕУ ќе му помогне на Нагорно-Карабах со пет милиони евра

Европската Унија ќе обезбеди вкупно пет милиони евра хуманитарна помош за луѓето погодени од конфликтот во Нагорно-Карабах.

dobivaj vesti na viber

„Мораме да бидеме подготвени да ги поддржиме илјадниците луѓе, кои решија да го напуштат Карабах, особено затоа што претстојната зима, веројатно, ќе ги изложи бегалците на дополнителни предизвици“, рече европскиот комесар за кризи, Јанез Ленарчич.

„Европската Унија драстично ја зголемува својата хуманитарна помош во регионот со цел да обезбеди итна помош на сиромашните како во енклавата Нагорно-Карабах така и на луѓето што сега се раселени во Ерменија“, додаде тој.

Минатата недела Унијата ја објави првата транша помош од 500.000 евра. Брисел се надева дека финансиската поддршка ќе им помогне на околу 25.000 луѓе во регионот преку обезбедување финансиска помош, засолниште и храна преку хуманитарни организации активни на терен.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами