Утрински Весник
Економија

Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена, најави Ковачевски

Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена, најави Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски најави проширување на списокот со производи со гарантирана цена.

dobivaj vesti na viber

По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително намалување на цените. Кај некои производи намалувањето ќе биде од 10 до 30 проценти. На денешната листа влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото.

„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Владата, на предлог на Министерството за економија, донела нова одлука за намалување на цените во трговијата на големо и мало. Со новите намалувања на цените, кое ќе важи од утре, поевтинуваат светлото пиво и лагер-пивото, газираните и негазираните пијалаци, со исклучок на енергетските пијалаци, минералната газирана и негазирана природна вода.

„Со оваа одлука највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените, со исклучок на цените на акциска продажба, кои се применувале на 19 септември 2023 година во трговијата на големо, се намалуваат 10 проценти. Трговците на мало се должни јасно да ги обележат производите со натписот гарантирана цена“, нагласи Ковачевски.

Владата денеска донела одлука и за утврдување највисока профитна маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија