Утрински Весник
Македонија

Османи свика засилен состанок на Постојаниот совет во Виена

Османи свика засилен состанок на Постојаниот совет во Виена

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска е во работна посета на Виена каде на негово барање се одржува засилен состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ.

dobivaj vesti na viber

На состанокот ќе бидат отворени прашањата поврзани со предизвиците на организацијата, актуелните состојби во регионот на ОБСЕ, и други.

Во рамки на својата посета, Османи во својство на претседавач со ОБСЕ ќе се обрати и на специјален настан посветен на управувањето со ризици од катастрофи под тема „Солидарноста на Скопје пресликана низ регионот на ОБСЕ: Учење од минатото за соочување со денешните заеднички предизвици“, а ќе ја посети и изложбата „ Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста Скопје“.

Можете да прочитате

Јавна расправа за планот за дијаспората, Муцунски ќе ги претстави клучните области

Филипче: СДСМ напорно работеше за потребите на жените, со оваа власт сè паѓа во вода

Од денеска до сабота облачно со повремен дожд