Утрински Весник
Спорт

Ајакс го избрка спортскиот директор

Ајакс го избрка спортскиот директор

Германецот Свен Мислинтат повеќе не е спортски директор на Ајакс, соопштија од клубот. Мислинтат, кој се прослави како шеф на скаутинг службата на Борусија Дортмунд на функцијата се задржа 129 дена.

dobivaj vesti na viber

Ајакс ја донесе одлуката само пет дена откако беше објавено дека Мислинтат е под истрага за нерегуларности при трансферот на Борна Соса од Штутгарт во последниот ден од преодниот рок.

Мислинтат, имал конфликт на интереси, а беше обвинет и за уценување на Соса, од кого побарал да ја смени менаџерската агенција, што било услов за трансферот.

Овој 51. годишник се прослави во Дортмунд, каде донесе играчи како Левандовски, Дембеле, Обамејанг, Хумелс, Санчо…

По епизодата во Арсенал, тој се врати во Штутгарт, со цел од април годинава да се обиде да го врати Ајакс на патеките на старата слава.

Ајакс е во голем проблем, во неделата губеше со 3:0 од Феенорд во дербито, а потоа навивачите го прекинаа натпреварот.

Моментално најславниит холандски клуб се наоѓа на 14. на табелата со пет бода и само една победа од почетокот на сезоната.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига