Утрински Весник
Свет

Ужас во Јужна Африка: мажи им продавале на деца мафини со дрога, 90 завршија во болница

Ужас во Јужна Африка: мажи им продавале на деца мафини со дрога, 90 завршија во болница

Двајца мажи се соочуваат со повеќе обвиненија за обид за убиство во Јужна Африка, откако околу 90 деца завршиле во болница по конзумирање на мафини со дрога.

dobivaj vesti na viber

Официјалните лица рекоа дека децата ги купиле мафините од уличен продавач на пат кон основното училиште Пуламадибого, северозападно од Преторија.

Голем број од нив се пренесени во болница поради гадење, болки во стомакот и повраќање, а три девојчиња се уште се во болница.

Двајца осомничени на возраст од 21 и 19 години се обвинети за убиство во обид.

Одделот за образование во провинцијата Гаутенг соопшти дека наставниците се јавиле на 911 кога забележале дека децата почнале да „се однесуваат чудно“ на часовите.

Во соопштението се наведува дека инцидентот предизвикал голема загриженост кај родителите за безбедноста на нивните деца.

Полицијата, која прави токсиколошки извештај за да потврди дали е користен канабис, вели дека на повеќе од 90 ученици им биле дадени мафините и имале „сериозни болки“.

Сите се препратени во околните здравствени установи, 87 се пуштени, а само три ученички се уште се во болница каде што ја добиваат потребната лекарска помош, соопшти Министерството за образование.

Полицијата ги именувала осомничените Офентсе Малулека (21) и Амукелани Ниулунга (19).

Тие вчера се појавија пред судот во Сошангуве и одреден им е притвор.

Можете да прочитате

САД го заплени авионот на Николас Мадуро

Путин пристигна во Монголија, држава која може, но нема, да го апси по распишаната потерница против него

ЕУ увезува повеќе гас од Русија отколку од САД