Утрински Весник
Спорт

Ферстапен ја освои пол-позицијата пред трката во Јапонија

Ферстапен ја освои пол-позицијата пред трката во Јапонија
Dik 300x250 mk

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Јапонија. Возачот на Ред Бул доминираше во квалификациите, не им остави ниту трошка надеж на конкурентите дека ќе можат да му се доближат. За Ферстапен ова е деветта пол-позиција сезонава, а 29. во кариерата.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот светски првак во квалификациите забележа време 1:28.877. Зад Ферстапен трката ќе ја започнат пилотите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. Двајцата имаа нешто помалку од секунда послаби резултати од Холанѓанецот. Пјастри го забележа најдобриот резултат во кариерата, кога се во прашање квалификациите.

Од вториот ред, веднаш до Норис, трката ќе ја започне Шарл Леклер на Ферари. Следуваат Серхио Перез (Ред Бул), Карлос Саинц (Ферари), возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, а во топ 10 влегоа и домашниот натпреварувач Јуки Цунода (Алфа Таури) и Фернадо Алонсо (Астон Мартин).

Трката за Големата награда на Јапонија во недела ќе започне во 7 часот по средно-европско време.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја