Утрински Весник
Свет

ЕУ за односите со Кина: Мораме да се заштитиме кога се злоупотребува нашата отвореност

ЕУ за односите со Кина: Мораме да се заштитиме кога се злоупотребува нашата отвореност

Европската унија нема намера да се отуѓи од Кина, но мора да се заштити во ситуации кога се злоупотребува нејзината отвореност, изјави денеска извршниот потпретседател на ЕУ за економија, Валдис Домбровскис.

dobivaj vesti na viber

ЕУ имаше рекордна билатерална трговија со Кина минатата година, но таа е „многу неурамнотежена“, рече Летонецот во говорот на годишниот Самит Бунд во Шангај, наведувајќи го трговскиот дефицит од речиси 400 милијарди евра.

Домбровскис е во четиридневна посета на Кина, при што сака да постигне порамномерни економски односи меѓу двете страни, пишува агенцијата Ројтерс. Тој пристигна во Кина откако Европската комисија неодамна објави дека ќе размисли за воведување казнени тарифи за заштита на европските производители од увоз на поевтини кинески електрични автомобили произведени со државни субвенции.

Целта на патувањето е да се обнови дијалогот со Кина по Ковид-19 и во време на растечка недоверба на ЕУ кон Пекинг поради затоплувањето на односите со Русија.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето