Утрински Весник
Свет

Бајден му ветил на Зеленски ракети со долг дострел

Бајден му ветил на Зеленски ракети со долг дострел

Веќе со месеци, официјален Киев бара од САД (ATACMS), кој ќе и овозможи на украинската армија да погоди цели далеку внатре во руската граница.

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски за време на разговорите во Вашингтон дека Соединетите Американски Држави ќе испратат мал број ракети со долг дострел во Украина како форма на помош во борбата против Русија, објави  американската телевизија NBC.

Сепак, нема информација кога ќе бидат испратени проектилите, ниту кога одлуката ќе биде објавена во јавноста.

„Вашингтон пост“ објави дека администрацијата на Бајден е блиску до одлука да го испрати Армискиот тактички ракетен систем (ATACMS) вооружен со касетни бомби, наместо со боева глава, во Украина.

Веќе со месеци, официјален Киев бара од САД ATACMS, кој ќе и овозможи на украинската армија да погоди цели далеку во внатрешноста на руската граница.

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција