Утрински Весник
Економија

Трајан Ангелоски: Градење силен економски раст е патот до побрза интеграција во ЕУ

Трајан Ангелоски: Градење силен економски раст е патот до побрза интеграција во ЕУ

На третата меѓународна конференција Скопски економски и финансиски форум – CEФФ 2023 со наслов „Економска интеграција и економски просперитет“ организирана од Mинистерството за финансии, фокусот беше ставен на забрзаната интеграција на нашата земја и западниот Балкан.

dobivaj vesti na viber

Потикнувајќи ја синергијата на идеи и иницијативи од присутните кои се дел од креаторите на политики, политичките претставници, меѓународните партнери за развој, граѓанското општество, академската заедница и бизнис секторот ја потенцираа потребата за забрзана европска, регионална и економска интеграција.

На 4-та панел дискусија зема учество Трајан Ангелоски претседател на Сојузот на Стопански Комори на Македонија на тема „Глобални трендови и деловни можности“ акцентирајки го следното:

„Доколку навистина имаме искрена желба да се зачлениме во ЕУ, ќе мора континуирано напорно и амбициозно да се потрудиме, да ја развиваме нашата економија. Да се насочиме за долгорочен економски раст, фискална консолидација, подобрување на легислативата, да делуваме и заеднички да работиме на стабилен економски раст, поврзување и можност за долгорочен развој на нови ЕУ пазари, инвестиции во зелена технологија и обновливи извори на енергија, дополнително Европската и регионална интеграција силно влијаат врз развојот и работењето на бизнис секторот. Во моментов интензивно ни е потребна промоција и брендирање на нашите македонски производи и со тоа се зголемува конкурентноста на македонските производи. ЕУ како пазар е можност за сите како единствен пазар од 500 милиони луѓе, со тоа се зголемува пристапот до нови потрошувачи и се поттикнува економско јакнење на регионот.

Активно ќе продолжиме соработка со компаниите и заеднички ќе градиме поцврсти бизнис релации со потенцијални европски партнери се со цел за побрз развој на македонскиот бизнис сектор“, посочи преседателот на ССК, Ангелоски.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија