Утрински Весник
Свет

Едногодишно момче починало во гхрадинка во Њујорк: под душекот на кој спиело била пронајдена опасна дрога

(Видео) Пукање на шеталиште во Флорида: девет лица се повредени

Килограм фентанил е пронајден под подлогата за спиење во приватна дневна градинка во Њујорк, каде едно дете починало, а три се пренесени во болница, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Едногодишниот Николак Доминици бил во градинка само една недела, а починал во петокот поради сомневање за предозирање со дрога.

Уште три деца се примени во болница откако биле изложени на моќниот наркотик. Властите обвинија две лица за поседување и намера за трговија со дрога и убиство.

Полицијата верува дека децата на возраст од осум месеци до две години вдишувале фентанил во детската соба. На децата кои завршиле во болница им бил даден лекот „Наркан“ кој се користи за лекување од предозирање со опиоиди.

За време на претресот на детската соба, полицијата пронашла килограм фентанил под тепихот каде што спиеле децата, изјави во понеделникот главниот детектив на Њујорк, Џозеф Кени.

Инспекторите, исто така, наводно откриле три уреди за пакување дрога.

Сопственичката на градинката „Дивино Нино“ во Бронкс, Греј Мендез (36) и нејзиниот закупец Карлисто Ацеведо Брито (41) беа обвинети за поседување наркотици.

„Тврдиме дека обвинетите шверцувале дрога од градинка, при што труеле три бебиња и убиле едно“, изјави вчера американскиот јавен обвинител Демиен Вилијамс.

Полицијата соопшти дека дрогата пронајдена во градинката можела да убие 500.000 луѓе, пренесува Би-би-си.

Фентанил, синтетички лек против болки, е 50 пати посилен од хероинот.

Надзорните снимки и телефонските записи покажуваат дека Мендез му се јавила на нејзиниот сопруг откако видела дека децата не се добро и дури потоа се јавила на 911.

Нејзиниот сопруг дошол во дневниот престој и извадил неколку полни торби за пазарење од собата на децата, рекле официјални лица. Властите се уште трагаат по нејзиниот сопруг.

Адвокатот Мендез наведува дека неговата клиентка ги негира наводите и дека не знаела дека има дрога во собата на детето.

„Таа изнајмуваше соба на некој што се занимава со фентанил, тоа е нејзиното единствено злосторство. Нема докази дека направила нешто друго освен правилно да се грижи за децата“, рече тој.

Властите ги задржаа осомничените без кауција. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува доживотен затвор.

Можете да прочитате

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа