Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јорданов: Не знам од каде директорот на Бирото за развој на образование си дава за право грубо да крши закони

(Видео) Јорданов: Не знам од каде директорот на Бирото за развој на образование си дава за право грубо да крши закони

„Хаосот кој што е присутен во државата се префрлува како хаос во основното образование. Бирото за развој на образованието со новата концепција врши грубо кршење на Законот за основно образование, создавајќи проблеми, хаос и состојба во основното образование од кое најповеќе се засегнати наставниците, учениците, родителите, директорите и ние како локална самоуправа која што има обврски и права преземени со самата децентрализација, која што не би ја коментирал. Но, кршејќи ги законите и оваа децентрализација се условува од страна на Бирото за развој на образование“, истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

dobivaj vesti na viber

Јорданов додаде дека од неколку аспекти е спорен моментот што Бирото за развој на образованието достави насока концепција со која што се задолжуваат односно се информираат директорите на основните училишта од прво до шесто одделение да спроведат нова концепција и нова наставна програма. Најпрво спорното е тоа што известувањето не е доставено до самите училишта, до основачот на овие училишта односно до Општината, туку е доставено известувањето до веб страната без соодветен потпис и печат од страна на директорот и самата институција. И тоа значи дека тој допис, известување – решение, секој може да си го толкува на свој начин и всушност новата концепција не се применува во општина Тетово. Тоа значи дека предвидената концепција не се спроведува секаде во Република Македонија.

„Тоа што се случува хаос по сите институции се пресликува сега и кај младите генерации од прво до шесто одделение. Не бадијала рекле граѓаните – „Ако сакате да уништите една држава, уништете го образованието“. Впрочем тоа ни се случува сега во државата, со ваквите измислени, избрзани концепти кои што ќе остават штетни последици по самата настава доколку не се промени нешто. Ова може да создаде проблеми и кај наставниот кадар и во самото функционирање на училиштата“, рече градоначалникот на општина Штип.

Тој нагласи дека друго нешто кое што е спорно со ова известување е тоа што училиштата доставуваат наставна програма до Општината која што се усвојува до 31 август и која што годишна програма со новата концепција е доведена во прашање. Односно програмата треба да биде целосно изместена во очи на почетокот на учебната година. И ова е спротивно на Законот за основно образование.

„Не знам од каде директорот на Бирото за развој на образование си дава за право грубо да крши закони кои што и дефинитивно не се почитуваат. Па, така со измислената концепција исто така се фискално имплицира во работењето на Општините и во функционирањето на училиштата. Затоа што сето она се наложува ќе предизвика фискална импликација односно ние располагаме со ограничен износ на средства кои што ги добиваме како блок дотации наменети за образование. А, со новата концепција доаѓа до фискална импликација и до зголемување на потребата од финансиски средства“, појасни Јорданов.

Јорданов укажа дека проблем е тоа што новата концепција создава дискриминација кај наставниот кадар. Односно не е предвидено и не е прецизирано платата, работните часови да бидат според учинок. Односно според новата концепција наставниците кои што имаат помал број на часови и наставниците кои што имаат поголем број на часови ќе земаат иста плата. Градоначалникот запрашува тогаш која е мотивацијата и кој е начинот на кој што ќе се распределуваат часовите доколку сите земаат иста плата.

„Ова се само неколку работи кои што се спорни и кои што исто така ќе бидат доставени до МОН за да има можност да се корегира нешто во насоките кои што се дадени, и во решенијата кои што се дадени од страна на Бирото за развој на образование“, порача Јорданов.

„Со новата концепција не е предвидено да учениците учат од учебници, она кое што е дефинирано во Законот за основно образование туку буквално кажано е оставено на наставниците и на учениците да учат кој како ќе се снајде. Зарем неспособноста на државата навреме да набави учебници се амнестира со една ваква концепција во која што учебниците не се задолжителни и не се основен материјал за стекнување на образованиот процес“, запраша градоначалникот на општина Штип.

Тој рече дека Општина Штип заедно со директорите на основните училишта ќе бараат од МОН да се произнесе и да даде образложение за насоките за планирање, организирање и реализација на наставата од прво до шесто одделение за учебната 2023/24 година.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер