Утрински Весник
Спорт

Грчевски ќе ги предводи ракометарките, ќе му помагаат Алтхаус и Аморим-Талеска

Грчевски ќе ги предводи ракометарките, ќе му помагаат Алтхаус и Аморим-Талеска

Ракометната федерација на Македонија (РФМ), објави дека Кристијан Грчевски ќе биде нов селектор на нашите најдобри ракометарки. Во стручниот штаб за помошници на селекторот се именувани Ања Алтхаус и Едуарда Аморим Талеска.

dobivaj vesti na viber

Именуваните ќе бидат во функција вршители на должност (вд), во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

„Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ , односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации , Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Кристијан Грчевски за (ВД) селектор на женската сениорска репрезентација , а во стручниот штаб се именувани за помошници тренери Ања Алтхаус и Едуарда Аморим Талевска.

Именуваните лица ќе бидат во функција вршители на должност (ВД) , за време период на одигрување на квалификациски натпревари за пласман на Women’s EHF EURO 2024“, објави РФМ на официјалната интернет страница.

Грчевски на функцијата го наследи Љубомир Савевски, со кого РФМ ја прекина соработката по неуспехот во баражот за пласман на Светското првенство 2023.

Фото/ macedoniahandball.com.mk

Можете да прочитате

Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа