Утрински Весник
Свет

Скандал во Шпанија: Уапсени играчи на Реал Мадрид поради сексуално видео со малолетничка

Скандал во Шпанија:  Уапсени играчи на Реал Мадрид поради сексуално видео со малолетничка
Dik 300x250 mk

Скандал во главниот град на Шпанија, каде фудбалерите на Реал Мадрид се уапсени поради сексуално видео на малолетничка, а од ваквиот развој на настаните беше шокирана цела Шпанија и целиот свет, пишуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Ел Конфиденсијал“ пренесува дека тројца фудбалери на Реал Мадрид се во полициски притвор.

Тие се уапсени бидејќи биле обвинети дека споделиле сексуална снимка од малолетничка.

Тие биле уапсени по тренингот во Тренинг центарот на Реал Мадрид бидејќи на 6 септември мајката на споменатата малолетничка поднела пријава на Канарските острови.

Еден од тројцата фудбалери снимил сексуално видео од нејзината ќерка. Потоа тоа го споделил со сите, пренесува познатиот шпански портал.

Во нејзината апликација се наведува дека еден од фудбалерите го снимил сексуалниот чин на нејзината ќерка и потоа го споделил со остатокот од тимот. Сè се случило според написите, на Канарските Острови. Осомничените биле уапсени утрово.

Тие според извештаите се во полициските простории и најверојатно ќе останат таму во текот на истрагата.

Се очекува и реакцијата на клубот, пишува медиумот.

Можете да прочитате

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон

Европратеници бараат смена на Вархеји

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета