Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Новото задолжување на Владата од 300 милиони евра е доказ дека Буџетот е во лоша состојба – моменталната дупка изнесува околу 550 милиони евра

Мицкоски: Новото задолжување на Владата од 300 милиони евра е доказ дека Буџетот е во лоша состојба – моменталната дупка изнесува околу 550 милиони евра

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на посетата на општина Ѓорче Петров ја коментираше информацијата дека вчера на владина седница поминала одлука за ново задолжување од 300 милиони евра. Според него, ова покажува дека Буџетот е во лоша состојба, и не е ликвиден како што власта убедува. Овие пари се за повеќе тендери во четири очи.

dobivaj vesti na viber

„Повеќе пари за тендери кои што ќе завршат во четири очи, ништо повеќе. Очигледно дека Буџетот, бидејќи велат дека е ликвиден, дека има наплата онаква каква што планирале, не е така. Тоа говори и овој податок, кој што и јас го слушнав дека на вчерашната седница на Владата е помината одлука за нови 300 милиони евра, задолжување со нова еврообврзница“, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека се што ќе се каже од Владата треба да се зема со резерва. Бидејќи или е полувистина, или е шпекулација, или е лага.

„Зошто тогаш се случуваат овие работи, ако е стабилна состојбата? Ако го погледате податокот кој што го објавува министерството за финансии ќе забележите дека моменталната дупка во Буџетот е повеќе од 33 милијарди денари, некаде околу 550 милиони евра“, рече Мицкоски и дополни дека „200 милиони евра се за овие проектите Коридорот 8 и 10, кои што се платени на хартија, а за жал освен таблата, па сега ни таблата не стои. Ја извадиле таблата, само шипките стојат. Друго ништо не видоа граѓаните“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор