Утрински Весник
Македонија

Иако случајот на Онкологија ја тресе јавноста, и по цели десет дена, ЈО не излегува во јавноста да соопшти детали, вели Стоилковски

Иако случајот на Онкологија ја тресе јавноста, и по цели десет дена, ЈО не излегува во јавноста да соопшти детали, вели Стоилковски
Dik 300x250 mk

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што поминаа 10 дена од случајот на Онкологија и нема ништо официјално од истрагата, истакна дека ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија.

dobivaj vesti na viber

„Иако Онкологија ја тресе јавноста и е прашање од јавен интерес, и по цели 10 дена, ЈО не излегува во јавноста да соопшти детали со кои сепак нема да го сруши предметот. И по 10 дена истите доктори, истиот персонал, работат и дејствуваат на Клиниката. Истите партии, кои поставуваат директори на таа клиника, сè уште се на власт и со тоа може да влијаат на истрагата. И со сето тоа го рушат кредибилитетот на Клиниката, се руши кредибилитетот на докторите во целост, се руши довербата кај јавноста и кон здравството, и кон институциите и кон државата. Поради ова, ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија од оваа истрага“, нагласи Стоилковски.

Можете да прочитате

Зимски ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме голема предност пред вториот круг, очекуваме убедлива победа

Огромен циклонски облак од Џенова се приближува кон Македонија