Утрински Весник
Спорт

Италија сака „одмазда“ за Палермо, може ли Македонија повторно да ги изненади „аѕурите“?

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) е пред нов голем предизвик во квалификациите за ЕВРО 2024. По двата порази во јунскиот циклус, од Украина дома (2:3) и од Англија на гости (7:0), селекторот Благоја Милевски и фудбалерите ќе се обидат да го подобрат впечатокот против Италија и Малта.

dobivaj vesti na viber

„Аѕурите“ предводени од новиот селектор Лучијано Спалети гостуваат во Скопје и сигурно ќе бараат „одмазда“ за болната елиминација од Македонија во баражот за СП во Палермо.

„Го познавам доста добро Спалети. Очекувам високо да излезат, да имаат игра со многу посед. Игра во која Италија ќе доминира. Ќе видиме дали тоа ќе им успее. Секако дека има разговори на темата со моите соиграчи од Наполи. Сепак, професионалци сме и нема сентименталности. Секако дека ќе излеземе на терен да одработиме она што ќе го бара од нас селекторот. Италија ќе излезе на терен за да победи, ние мораме да одиграме перфектно, доколку сакаме да оствариме позитивен резултат“, вели Елиф Елмас, на кого Спалети му беше тренер во Наполи минатата сезона и заедно го освоија „скудетото“.

Селекторот Благоја Милевски повторно има проблеми со составувањето на тимот. Стефан Ристовски се откажа од националниот тим, Дарко Велковски е повреден, а Аријан Адеми не тренираше два дена бидејќи доби дозвола да замине во Загреб и да го комплетира трансферот назад во Динамо.

Сепак, се чини дека Милевски ќе мора да направи промени, но и да помине преку некои принципи, за да може да скрои конкурентен тим. Се очекува Македонија да го почне мечот со следниот тим: Димитриевски – Зајков, Муслиу, Манев, Алиоски – Атанасов, Барди – Ашковски, Адеми, Елмас – Миовски.

Италијанските медиуми најавуваат дека Лучијано Спалети ќе ја промени формацијата на Италија во 4-3-3, а во стартниот тим треба да истрчаат: Донарума – Ди Лоренцо, Мансини, Бастони, Димарко – Барела, Кристанте, Тонали – Политано, Имобиле, Закањи.

Натпреварот меѓу Македонија и Италија се игра вечерва, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“„ во Скопје.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари