Утрински Весник
Македонија

Продолжува препукувањето меѓу Максим Димитриевски и Груби: „Да каже дали е точно дека ДУИ побарала помош од Будимпешта“

Продолжува препукувањето меѓу Максим Димитриевски и Груби: „Да каже дали е точно дека ДУИ побарала помош од Будимпешта“

Груби да одговори дали е точно дека тесното раководство на СДСМ и ДУИ побарало помош од Будимпешта, а за помошта е побарано закон за “амнестија”, инсистира кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски по вчерашните преписки со вицепремиерот Груби.

dobivaj vesti na viber

Димитриевски смета дека изненадувачка е, како што вели паничната реакција на Груби изминатите два дена, а вокабуларот кој што го употребува личи на заканувачка реторика од улица.

„Дали е точно дека е одржана средба меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ на која е одлучено да се побара помош од Будимпешта? Дали е точно дека на таа средба е одлучено лице за контакт со Будимпешта да биде Груби? Дали е точно дека за помошта од Будимпешта, побарано е закон за “амнестија” (актуелните измени на членовите во КЗ) и обезбедување на дополнителен број на пратеници за уставни измени“, прашува Димитриевски.

Димитриевски пред два дена упати јавно прашање до Артан Груби барајќи јавно да одговори дали и кои се причините за посетата на Будимпешта. Груби по оваа изјава му порача: „Максо, не ти личи да лажеш и се резилиш вака јавно“.

„Знам дека е поразително, ама јас во Будимпешта не сум бил никогаш во живот и не сум се сретнал никогаш со било кого ниту во Будимпешта, ниту во Унгарија. Дај кажи им на твоиве, дали ти во Будимпешта договори ВМРО да ти ги даде гласовите на локалните избори на кои стана градоначалник на Куманово? Ама кажи искрено, немој да лажеш пак“ му порача Груби на Димитриевски.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ