Утрински Весник
Свет

(Фото) Маж истрча бос по земјотресот во Мароко, а со себе понесе само една работа од домот

(Фото) Маж истрча бос по земјотресот во Мароко, а со себе понесе само една работа од домот

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Мароко, пришто животот го загубија најмалку 600 лица, а стотоци се повредени.

dobivaj vesti na viber

Помеѓу многуте фотографии од последиците од земјотресот што ги преплаши луѓето, имаше и една која брзо почна да се споделува на социјалните мрежи.

Имено, на фотографијата е млад човек без блуза и бос кој го напуштил својот дом за време на земјотресот, а во рацете го држи својот „Плејстејшн“.

На социјалните мрежи се појавија видеа од ужасниот потрес и неговите последици, а згради се урнаа во Маракеш, антички град заштитен од УНЕСКО.

Луѓе во очај седат по улиците и гледаат во урнатините што ги остави разорниот земјотрес.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња