Утрински Весник
Македонија

(Видео) Денот на независноста одбележан во Градскиот парк

(Видео) Денот на независноста одбележан во Градскиот парк

Под слоганот „Гласник на слободата“, во организација на Владата, денеска на повеќе локации во државава се чествува големиот државен празник Денот на независноста – 8 Септември.

dobivaj vesti na viber

На манифестацијата којашто се одржа во Градскиот парк во Скопје, присуствуваше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На локацијата „Школка“ во Градскиот парк се одржа културно-уметничка програма, во рамки на која учествуваше Воениот оркестар на Армијата на Северна Македонија, како и културно-уметнички друштва.

Во состав на програмата настапија и членовите на „Златно славејче“, а беше изведена и програма за деца со учество на Театарот за деца и младинци кои ја одиграа претставата „Гига Мега бајка“.

Во пријатна празнична атмосфера, на истата локација, на просторот во близина на локацијата „Школка“ се одржаа тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи.

Пред граѓаните се демонстрираа борбени вештини на припадниците на Армијата, како и презентација на специјалната опрема и возила на единиците на Министерството за внатрешни работи и Армијата, со што граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со работата на единиците на МВР и на Армијата. Најмладите имаа можност да се дружат и со припадниците на полициските служби и Армијата и да се запознаат со реализирањето на нивните задачи.

Во рамките на одбележувањето на Денот на независноста, посетителите имаа можност да бидат дел од серија спортски интерактивни активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Денот на независноста – 8 Септември го прославуваме заедно со нашите граѓани, каде на терен го промовираме духот на сплотеноста со сите генерации.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор