Утрински Весник
Свет

Се урна хеликоптер во Дубаи, потрагата по екипажот се уште трае

Се урна хеликоптер во Дубаи, потрагата по екипажот се уште трае

Хеликоптерот на компанијата „Аеро Галф“ се урна во морето со двајца пилоти, по полетувањето од меѓународниот аеродром Ал Мактум во Дубаи, соопштија властите на ОАЕ.

dobivaj vesti na viber

Хеликоптерската несреќа била пријавена околу 20:30 часот вчера по локално време, откако авионот се урнал додека пилотите биле на ноќен тренинг лет.

Потрагата по екипажот се уште е во тек, се додава во соопштението, пренесува Ројтерс.

Пилотите се државјани на Египет и Јужна Африка, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Израелски суд предложи отфрлање на обвинението за поткуп против Нетанјаху и спогодба за третиот случај

Во Италија, за 20 години, 57 свештеници се правосилно осудени за сексуална злоупотреба на деца

Литванија приведе пет лица осомничени за соработка со руски државни медиуми