Утрински Весник
Свет

Aмерикански научник со денови заробен во пештера во Турција на над 1.000 метри длабочина

Aмерикански научник со денови заробен во пештера во Турција на над 1.000 метри длабочина

Повеќе од 170 спасувачи се во акција во Турција, обидувајќи се да спасат американски спелеолог заробен на длабочина од повеќе од 1.000 метри во пештера на југот на земјата, откако му се слошило за време на меѓународна експедиција.

dobivaj vesti na viber

Марк Дики (40) е заробен од саботата и не може сам да ја напушти пештерата Морка во планините Таурус во провинцијата Мерсин поради гастроинтестинално крварење, соопшти Европската асоцијација за спасување пештери.

Во соопштението за печатот се наведува дека Дики е „високо обучен спелеолог“ и дека и самиот е спасител, пренесува АП.

Се додава дека тој е добро познат по учеството во многу меѓународни експедиции и дека е секретар на лекарскиот комитет на тоа здружение.

Дики бил на експедиција на мапирање на системот на пештерата Морка длабока 1.276 метри за Здружението на анадолските спелеолошки групи (ASPEG) пред да се разболи на околу 1.000 метри.

Турската агенција за помош при катастрофи АФАД и спасувачкиот тим УМКЕ соработуваат со турски и меѓународни спелеолози на план да го извлечат Дики.

Јусуф Огренечек од Спелеолошката федерација на Турција за АП изјави дека состојбата на Дики е стабилизирана и дека тој е „добро расположен“.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков