Утрински Весник
Спорт

Макрон: Руско знаме нема да се вее на Олимписките игри во Париз

Макрон: Руско знаме нема да се вее на Олимписките игри во Париз
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руското знаме нема да се вее во ниту еден момент за време на претстојните Олимписки игри во Париз идното лето, увери францускиот претседател Емануел Макрон. Тој додаде дека учеството на спортистите од таа земја е прашање за кое може да одлучува само Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

dobivaj vesti na viber

„Се разбира, не може да има руски знамиња за време на Олимписките игри во Париз. Мислам дека постои консензус за ова прашање. Русија, како земја, не е добредојдена овде во време на воени злосторства и депортација на деца“, изјави Макрон во интервју за спортскиот весник „Лекип“.

„Вистинското прашање е што ќе направи ИОК за учеството на руските спортисти. Ова е случај што не треба да се политизира“, дополни претседателот на Франција.

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата