Утрински Весник
Македонија

„30 ќебапи – 3 години, 30 милиона – условна“, „Не ги викајте вмровци, викајте ги кворумџии“, реакции по изгласувањето на измените во Кривичниот законик

За злосторничко здружување наместо 10 во затвор 3 години, Собранието ги изгласа измените во Кривичниот законик

Остри реакции на социјалните мрежи откако Собранието ги изгласа измените на Кривичниот законик. „За“ измените гласаа 48 пратеници, 36 беа „против“, а еден беше „воздржан“.

dobivaj vesti na viber

Измените се однесуваат на казните на неколку кривични дела, односно за значително намалените казни за различните облици на кривичното дело од член 353 „Злоупотреба на службена положба и овластување“ со намалување на казната од најмалку 3 години затвор на казна од 1 до 4 години затвор, како и членот 394 „Злосторничко здружување“ со намалување на казната до 10 години на казна до 3 години.

„Во март 2020, кога донесоа позитивна одлука за отворање преговори па не можеа да ја спроведат поради Бугарија, ја задолжија Комисијата да мониторира дали ги исполнуваме условите од 2018. Правна разврска за случаите на СЈО беше услов за позитивната одлука.

Со предложените измени на Кривичниот законик, сето ова паѓа во вода. Ќе си застарат случаите, и тие и поновите, и ќе си добиеме ново вето, овој пат, сосема оправдано.
И нема да биде бугарско. Но, тоа веројатно нема да боли. (Ќе) си имаме ние поголеми грижи со пустошот дома“, пишува поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

„30 ќебапи – 3 години, 30 милиона – условна…“, вели адвокатот Драган Пешевски.

„Владата и лично премиерот предлагаат поради наводна потреба од усогласување на регулативата со ЕУ(европско знаменце) драстично намалување на казните за злоупотреба на службена положба и овластување. Сето ова во услови на масовна коруптивност на носителите на функции“, пишува Јанаки Митровски.

„Тројца актуелни претеници на ДПМНЕ се ослободуваат од кривичен прогон со вчерашните измени на КЗ. Уште пет и “Бугари у Устав”!“, вели Димитар Апасиев.

 

„Не ги викајте вмровци, викајте ги кворумџии“, додава Апасиев.

Претходно Блупринт групата реагираше во однос на предлог законот за измени на Кривичниот законик по скратена постапка.

Оттаму велат дека измените во Кривичниот законик ќе влијаат и врз судските постапки иницирани од СЈО, како и дека постои опасност од настапување на апсолутна застареност.

Албанските партии, Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење сметаат дека измените во Кривичниот законик се прават да се спаси Никола Груевски.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер